Генералниот секретар на СДСМ , Љупчо Николовски во денешното гостување во емисијата Утрински брифинг, зборуваше за новата програма на партијата, односно петте столба на кои се темели таа, новите кадровски решенија и воопшто концептот кој нуди напредок, а за кој се залага СДСМ и нејзините коалициони партнери.

Тој посочи дека на изборот на кандидатите на пратеничките листи им претходела јасна и прецизна анализа базирана на добро подготвена методологија, врз основа на нови воспоставени стандарди со цел да се добијат најдобрите кандидати.

Додека СДСМ од една страна ги дава најдобрите избрани кандидати со сеопфатна анализа меѓу кои има доста и нови имиња, ВМРО-ДПМНЕ настапува со истрошени ликови, послушници на режимот, учесници на упадот во Собранието на 27 април. И додека СДСМ настапува со кандидати кои се европски ориентирани, се за напредок, за градење на силна држава, ВМРО-ДПМНЕ има ликови кои одат по листи во Будимпешта . Разликата е огромна.

Во однос на колицијата Николовски посочи дека сега ја имаме најголемата, најшареноликата и победничка коалиција со родово нај избалансираната понуда на сите избори од независноста па до денес. Сите носители, сите 120 кандидати за пратеници се угледни, признати личности кои се подготвени да работат напорно и посветено за граѓаните. И токму тие личности ќе ја донесат големата и чиста победа на 12 април.-истакна Николовски.

СДСМ знае да се менува, модернизира, а ВМРО-ДПМНЕ е истата таа партија која државата ја држеше во изолација.