Дистрибуцијата на здрава ужинка за секое дете ширум државава продолжува.
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски имаше можност во својата Крива Паланка лично да им ги додели пакетчињата јаболка на учениците од основните училишта “Јоаким Крчовски”, “Партизан” и “Илинден”.
„Со оваа програма опфаќаме 186.000 ученици а досега се испорачани повеќе од 370 тони јаболка. Наша крајна цел е оваа успешна програма да прерасне во еден поголем посеопфатен проект, во кој откупените домашни земјоделски производи ќе може покрај основните училишта да ги добиваат и здравствените установи, детски градинки, припадниците на безбедносните сили, полицијата и армијата“, рече Николовски.
Тој исто така нагласи и дека убаво е од мали децата да градат здрави навики, и да внесуваат македонска домашна здрава храна.