Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двотретинското монозинство беше обезбедено претходно во процесот на Преспанскиот договор, на уставните измени, на сите клучни процеси за државата.

-Затоа сметам овие денови одредени структурни прават силна тортура, закани и уцени врз пратениците и токму затоа не се доаѓа до момент на гласање во Собранието. Доколку немаме фер шанса и не се дозволи пратениците да гласаат по сопствено слободно убедување, тука работата е што одредени структурни системски се обидуваат, заплашени од казните и одговорноста за криминалот, да го спречат гласањето, рече Николовски.

На прашањето од аналитичарот Алберт Муслиу дали заканувачите ќе бидат казнети, со цел повторно да не се повтори „27 април“ Николовски рече дека смета круцијално е да се дојде до гласање со цел просперитет на државата.

-Кога чесно ја одработувате својата работа нема од што да се плашите. Дојдено е времето кога секој треба да одговара. Сите гледаме дека сега има случаи во кои има функционери и од оваа власт, или од овој систем, судски, обвинителски или било каков. Не треба да се спречуваат постапките, да се нарачуваат пресуди, да се поставуваат судии така како што беше во минатото…, порача Николовски.