Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска заедно со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата остварија работен состанок со Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Јетон Шаќири.

-Ги реализираме мерките од Планот за борба против корупција. Го презентиравме степенот на исполнување на препораките од проектот „Проценка на ранливоста од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“. Ова е 13-та мерка од владиниот План за борба против корупција, рече Николовски по состанокот.
-Голем дел од препораките се имплементирани во измените на законите за административни службеници, за вработени во јавниот сектор и за висока раководна служба, со кои се унапредува постапката за вработување, унапредување и мобилност во јавниот сектор, се унапредува работата и стручните капацитети на вработените, на инпспекцискиот надзор, порача вицепремиерот.
Ефикасна и мотивирана јавна администрација е клучот за превенција од корупција, непотизaм и клиентелизaм, за брзи и квалитетни услуги за граѓаните, заклучува тој.