Со новата ИПАРД 3 програма имаме зголемување на европските средства за 62%, односно 97 милиони евра неповратни средства. Ги повикувам сите апликанти да ги подготвуваат своите проекти, повиците следуваат наскоро, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во текот на вчерашниот ден министерот Николовски и премиерот Ковачевски ја посетија компанијата „Метро3, која претставува една од успешните ИПАРД приказни.

„Денес државата не враќа назад со камати нереализирани средства од ИПАРД програмата, туку бара дополнителни средства за да може да се реализираат сите ИПАРД проекти. Успешните ИПАРД приказни што ги имаме во секој град и во секое село, ќе бидат новиот успех со кој како држава ќе можеме да се гордееме.“, изјави Николовски при посетата на компанијата „МЕТРО“.

„Од земја која не ги искористуваше парите од европските фондови, и ги враќаше назад во ЕУ, Северна Македонија ја направивме земја лидер по искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата. Кој било град или село да го посетите скоро секаде ќе наидете на табла дека некој проект е реализиран со помош и средства од ИПАРД. За нас е многу важно што сето тоа го гледаат нашите пријатели од меѓународната заедница, ја добиваме нивната поддршка кон градење на економски силна и профитабилна земја, конкурентна на меѓународен план. Успешната реализација на ИПАРД 2 Програмата ни донесе уште повеќе пари, Европската комисија донесе одлука за зголемување на средствата наменети за Северна Македонија за 62% со новата ИПАРД 3 програма. Во ИПАРД 2 Програмата ЕУ за Северна Македонија издвои 60 милиони евра, за ИПАРД 3 Европската Унија на нашата земја издвои 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да и ги вратиме.“, рече во својата изјава премиерот Ковачевски.