Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изминатата ноќ ја минаа на терен, во директна комуникација и координација со луѓето и институциите кои беа на првите линии со спречувањето и понатамошното ширење на пожарот во Старо Нагоричане.
„Екипите сè уште неуморно дејствуваат во оваа област, посветено и несебично борејќи се со пламената стихија. Во интервенцијата се вклучени противпожарните служби, припадниците на армијата и локалното население“, истакна Николовски.Nikolovski999„Ги преземаме сите потребни мерки за спречување на ширење на активните пожари и спречување на појава на нови жаришта. Од утринава стапи на сила и целосната забрана за движење во шумски подрачја низ целата држава.
Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и справувањето со оваа непогода“, нагласи Николовски.