Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска го ажурираше своето членство во СДСМ.

„Денеска, тим од мојот матичен месен одбор во Крива Паланка, го посети мојот дом и преку новиот систем го ажурирав своето членство во СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија.
1563 тимови се активни на терен низ 74 општински организации на територијата на целата држава. Постапката за ажурирање на членството вклучува посета на секој член од нашата партија со максимално почитување на здравствените мерки и протоколи.
Ги повикувам сите оние кои ги поддржуваат нашиот концепт и визија и имаат желба за придонес кон растот и развојот на државата да го покажат својот интерес да се регистрираат онлајн на следниот линк: <ahref=”https://sdsm.org.mk/zacleni-se” target=”_blank”>https://sdsm.org.mk/zacleni-se“, истакна Николовски.
Nikolovski2Николовски нагласи дека постапката за ажурирање и регистрација на членовите завршува на 21 март, кога за прв пат, како врв на демократијата во една држава, на директни внатрепартиски избори секој член на СДСМ ќе го даде својот глас за избор на лидер на партијата.
2„Чекориме напред, демократски со јасен поглед кон иднината! Растеме, се модернизираме! Слушаме и се подобруваме. Работиме заедно, за моќен СДСМ, СДСМ во служба на граѓаните и членовите“, посочи Николовски.