Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој потекнува од Крива Паланка, со гордост го поздрави започнувањето на асфалтирање на регионалниот пат Крива Паланка – с. Огут. 

Аирлија нека е!

На крајот на 2019 година со посебна гордост споделив уште една убава вест, одлука и поддршка на Владата за моите сограѓани.

Денес тоа се реализира и денес започна асфалтирање на регионалниот пат
Крива Паланка – с. Огут.

Владата преку годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија пат за 2020 година одлучи и издвои над 700.000 евра за рехабилитација на регионалниот пат Р2245, делница Крива Паланка – с. Огут и регионалениот пат Р2250, делница Крива Паланка – с. Луке.

Нашиот регион и сограѓани заслужија да се бориме за крупни инфраструктурни проекти, за инвестиции и подобар живот за сите!

Зборот е збор! “- напиша на Фејсбук, Николовски.