Како координатор на клучните ресори за борба против корупција го поздравувам потпишувањето на Спогодбата помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Одделот за договорни прашања од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, УНОДЦ, Џон Брандолино со која се потврдува поддршката во борбата за спречување на меѓународниот криминал и тероризам, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski11„Со оваа Спогодба ја продолжуваме и продлабочуваме успешната соработка со канцеларијата на Обединетите нации.
Во рамки на истата предвидени се два проекти:
– Проект за комуникација на аеродроми заради спречување и борба против криминал и тероризам, кој вмрежува 34 аеродроми од сите континенти
-Програма за контрола на контејнери заради безбедност на синџирот на снабдување и олеснување на трговија на пристаништата, аеродромите, копнените гранични премини од аспект на спречување прекугранично движење на недозволена стока
Овој глобален план дава успешни резултати и очекувам ефикасна реализација и во нашата држава. Со конкретни мерки продолжуваме во борба против корупцијата и криминалот, во секоја сфера во општеството“, нагласи Николовски.