Заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска остварија работна посета на Гевгелија.

Битиќи и министерот Николовски извршија увид на финалните градежни активности за изградба на браната Конско, а по завршувањето со увидот предвидена е заедничка изјава за медиумите

– Ова е историски капитален објект, целосно финансиран од МЗШВ со износ од 40 милиони евра, што претставува и најголем капитален објект во последните 50 години финансиран од министерството, порача Николовски и додаде:
За мене лично овој проект остава личен и историски белег.
-Браната Конско е првата брана изградена со асфалтно јадро.
-Преку нов систем за наводнување и вештачко езеро, со браната Конско за 5 пати го зголемуваме наводнувањето на земјоделските површини, со капацитет за наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште.
-Ја обезбедуваме во целост потребната вода за наводнување на земјоделските површини во текот на целата година за 6.500 ха земјоделско земјиште во јужниот дел од државата.
-Овој голем капитален проект го поттикнува развојот на земјоделството, влијае врз развојот на економијата во општина Гевгелија, и унапредувањето на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој регион.