Денеска, во месноста Богословец, во околината на Свети Николе, се одржа волонтерска акција за пошумување на опожарени површини „Боренка“, во организација на Сојузот на извидници на Македонија на која учествуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

418171557_949458639881306_2999707530544844253_n

Во рамките на акцијата беа засадени 5000 садници од видовите бор, даб и багрем. Учествуваа деца волонтери од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, ООУ „11 Октомвр“и и ООУ „Димитар Миладинов“, извидници од Свети Николе и Штип, како и волонтери од Волонтерски Центар Скопје, вработени во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми.

417692265_949458536547983_6383394432068290270_n

„Кога се нарушува шумскиот биодиверзитет, се нарушува животот на сите шумски жители. Тоа ја потенцира одговорноста која ја имаме ние како институции, но и секој од нас лично. Токму затоа, зелената транзиција е една од нашите цели, а пошумувањето е на врвот на листата на приоритети. Затоа, минатата година проектиравме пошумување на околу 600 хектари со над 1.200.000 садници од различни шумски видови. И ова е остварено, остана уште мал дел да се реализра со пролетното пошумување, кое веќе тече на локации во Кавадарци, Радовиш, Свети Николе, Пехчево, Берово, Делчево, Велес. Со исти планови продолжуваме и во 2024 година“ изјави Николовски.

417681024_949458499881320_6381583122895419309_n

Една од целите на Министерството, според информацијата од МЗШВ е и подигање на јавната свест за значењето на шумите.

Добро да ги информираме граѓаните дека со нелегалното купувањето на дрва од дрвокрадци, тие ги поддржуваат нив, ги мотивираат уште повеќе нелегално да сечат дрва, а со тоа несвесно помагаат во уништувањето на шумите, велат од оваа институција.

За таа цел Министерството ја поддржа и кампањата против нелегална сеча на дрво – „Не сечи ја мојата иднина! СТОП за дрвокрадството“. Ова е национална кампања која ја спроведува Здружението на граѓани „Регионален центар за шумарство и рурален развој“– РЕФОРД, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со финансиска поддршка на Агенцијата за шуми на САД.

417587202_949458469881323_8408784750964699255_n

„Со цело срце ја поддржувам мисијата на „Боренка“ и она што тие го прават, учејќи ги нашите деца уште од најмали нозе, да ја сакаат и да ја почитуваат природата. Дете кое самото посадило дрво, придонело да никне нова шума, како што садат овие деца денеска, утре ќе биде лојален и свесен граѓанин. Овие деца никогаш нема да поддржат нелегална сеча, бидејќи ќе имаат развиена свест за значењето на шумите. Нивната мисија е многу благородна, тие денес со радост садат дрвја, знаејќи дека во новата шума ќе уживаат сите шумски жители, а индиректно и сите ние“ потенцираше Николовски.

419329354_949458766547960_451274515792615970_n417692268_949458589881311_3091289653637728071_n418834210_949485419878628_1282806412436489072_n