Поранешниот вицепремиер за борба против корупцијата, а сегашен министер за земјоделство денеска официјално ја предаде вицепрепремиерската функција на Славица Грковска.

Николовски и честиташе на колешката Грковска за изборот при предавањето на функцијата и ја запозна со сите преземени мерки и активности.

„Во изминатиот период се сработи многу и се поставија системски темели во борбата против корупцијата и криминалот:
✅ За прв пат се донесе План за борба против корупција со 18 системски мерки
✅ Донесен нов поприменлив Етички кодекс со кој се опфатија сите именувани функционери, спроведени се 15 обуки за над 180 функционери, вклучувајќи ги министрите, замениците министри, директори, државни сектретари за одредбите од Кодексот.
✅ Исполнети препораки од ГРЕКО
✅ Се обезбедија нови простории за ДКСК
✅ Се обезбедија 49 милиони денари за ДКСК за потребниот регистар на Комисијата за избрани и именувани лица и поврзување со останатите 17 институции од кои треба да ги црпат релевантните информации.
✅ Се изготви и во функција е новиот Национален регистар на вистински сопственици, за точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на фирмите.
✅ Се подигна нивото на транспарентност и отчетност – сите министерства и органи, но и сите општини и општините во Градот Скопје, ги објавуваат на своите веб страни 22-те категории на документи и информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со кои се зголемува транспарентноста при работењето на институциите.
✅ Започнат е процесот за дигитализација на институциите, за елиминирање на човечкиот фактор, за брзи и ефикасни јавни услуги.
✅ Владата ги усвои предлог измените и дополнувањата на Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како дел од клучните закони за дигитализација на институциите, и истите закони веќе се во собраниска постапка
✅ Се зголеми употребата на Националната платформата за интероперабилност, институциите се приклучуваат и разменуваат податоци
✅ Со измени и дополнувања за Законот за јавни прептријатија и јавни установи, се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, се регулира постапката за избор и висината на надоместокот.
✅ Започна со работа системот за Е-инспектор, првите три клучни инспекторати (Пазарен, Трудов и Управен).
✅ За оваа година се зголемија буџетските средства за јавните обвинителства во делот на зајакнување на кадровските капацитетите и набавка на информатичка опрема за оперативно работење.
✅ Институциите се задолжија и подготвуваат годишни антикорупциски програми согласно делокругот на својата надлежност
✅ Институциите подготвуваат и јавно ги објавуваат интерните процедури за спроведување на постапките за јавни набавки.
✅ Институциите назначуваат овластени лица за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување согласно Законот за заштита на укажувачите за постоење на евентуална корупција.
✅ Во функција се одлуките за ограничување на трошоците за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти.
✅ Во функција е одлуката за регулирање на начинот на користење на службените возила на функционерите.
✅ Во функција е Е-системот за следење предмети и преставки, за граѓаните и правните лица да пријавуваат проблеми за непостапување по основ на бараните услуги и предмети.
✅ Со поддршка од Советот на Европа за прв пат се подготвува Закон за потекло на имот, драфт везијата е готова.
✅ Усвоена е националната Стратегија за јакнење на капацитетите на иниституциите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план 2021/23 година.
✅ Нов План за борба против корупција 2022, со четири столба: дигитализација, незавнисно и ефикасно правосудство, професионализација на институциите и превентивни мерки за борба против корупција.
✅ Владата ја усвои предлог-декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и државните политики и ја достави до Собранието на РСМ за истата да ја донесе.
✅ Воведување на аудио и видео надзор за начинот на преземање на службените овластувања од страна на царинските службеници, за превенција од евентуални коруптивни однесувања од страна на службениците.
✅ Во системот Е-инспектор се приклучуваат уште 13 инспекторати.
✅ Во новиот План е предвидено формирање на 4 нови истражни центри во обвинителствата и нивно кадрово и техничко екипирање.
✅ Зајакнување на процесите за спроведување на јавните набавки преку ставање во функција на е-пазар за набавки од мала вредност, воспоставување на регистар на цени на стоки и услуги, автоматска прераспределба на членовите на комисиите за јавни набавки“, посочи Николовски.