„Новата Влада отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата. Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните буџетски пари и како работат или не работат институциите и сите кои користат буџетски средства“, изјави на денешната прес-конференција вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Николовски на оваа тема се огласи и на својот Твитер профил.

„Еден од столбовите на нашата програма е кратење на бенефициите и привилегиите на функционерите. Секој од нас е дојден овде за плата и треба да одработи за граѓаните. Како што јас сум можел да не користам службна картичка како министер и ништо да не ми фали, може и секој функционер, порача Николовски.

„Ако само до пред неколку години мил. евра се трошеле за забави во странство, за скапи костими, сега тоа е променето. Сѐ уште има функционери кои не се до крај транспарентни, но и тоа ќе се промени. Имаме многу работи што треба да ги промениме.“ – дециден е Николовски.