Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ во интервју за ТВ Сител истакна дека клучна порака од вчерашниот Конгрес е генерациската промена и трансформацијата на СДСМ со кадровска и програмска понуда која доби огромна поддршка од делегатите.

„Денеска е 17 мај, ние пред 6 години пративме силна пораката за промени, ја вративме слободата и демократијата заедно со граѓаните. Денеска носиме нови вредности, нови луѓе, нови политики.
Во новиот состав на Централниот одбор од 120 членови две третини се нови членови, 45 луѓе се млади. Во Централниот одбор имаме 60 жени, 60 мажи, во Извршниот одбор имаме 9 мажи, 9 жени. Имаме две третини нови членови и на ИО, имаме и континуитет, но и нова енергија и нова генерациска промена на СДСМ.
Тоа е она што треба да го следи секоја политичка партија која што се развива, која има мерит систем, која бара испорака на резултати, да го задржи единството но и да биде целосно отворена“, посочи Николовски.