-Конечно успеавме! Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО алијансата.
Собранието го ратификуваше Северноатланскиот Договор за пристапување во НАТО Алијансата. Ја гарантираме сигурната и стабилна иднина на сегашните и идните генерации!, порача на социјалните мрежи генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, откако денеска во Собранието  ја донесе ратификацијата за приклучување на Северна Македонија во НАТО алијансата.