Блаже Конески, со своето знаменито дело, на македонскиот јазик му даде огромно научно и духовно достоинство, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски по повод 27 години од смртта на Блаже Конески.
Blaze Koneski„Човек со толку звучна биографија, а перманентна скромност. Истакнат македонски филолог, поет, универзитетски професор и прв претседател на МАНУ.
Во темелите на македонскиот јазик силно е вграден големиот Конески. Автор е на граматиката на современиот македонски јазик, еден од потписниците на македонскиот Правопис, творец на македонскиот Речник, основач на студиите по македонистика на Филолошкиот Факултет во Скопје, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификација на македонскиот стандарден јазик.
Конески го воздигна македонскиот јазик како наша единствена татковина.
Денес, македонскиот јазик е дел од светската енциклопедија. Жив јазик кој еволуира. Јазик со изворен правопис, граматика, речник и развојна историја“. посочи Николовски.