Актуелниот пратеник и ексвицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски со осврт на сработеното за време на неговиот мандат во оваа област.
– Денес е меѓународниот ден за борба против корупцијата. Не сум поборник само на одбележување и заложби туку на работа и резултати.
Знаејќи дека е ова наш најголем проблем и без да очекуваме поддршка туку препреки и голи критики, јас и мојот млад тим не бегавме од овој тежок и непопуларен предизвик со над 30 години разочарувања и големи очекувања дека сега и веднаш се ќе се промени преку ноќ, порача Николвоски.
Имавме кратко време од една година мандат но успеавме:
✅ донесовме закон за кратење на членовите на Управните и Надзорните Одбори,
✅ први го инициравме и изготвивме драфт закон за потекло на имот што сега веќе е донесен и стапува на сила,
✅ државата да донесе за прв пат План за борба против корупцијата,
✅ обезбедивме нов простор и дупло го зголемивме буџетот на ДКСК,
✅ го воведовме Е-инспектор,
✅ воспоставивме систем за следење на предмети,
✅ електронски систем за пријава на проблеми за секоја институција,
✅ наметнавме обврски на сите институции за активна транспарентност,
✅ обврска за назначување на лица за пријавување на корупција,
✅ донесовме нова национална стратегија за конфискација,
✅ ги исполнивме сите препораки од ГРЕКО,
✅ го воспоставивме регистарот на вистински сопственици,
✅ се воведе обврска за објавување на посебните советници и надворешни соработници,
✅ воведовме нови правила за репрезентации, подароци, угостителски трошоци и службени возила,
✅ формиравме група за анализа на законите и кратење на сите дискрециони права,
✅ обезбедивме нов простор и за обвинителството за организаран криминал,
✅ извршивме мапирање на над 221 закон заради дигитализација и елиминирање на човечки фактор во сите области,
✅ воспоставивме ревизорски комитет и
во само една година го реализиравме првиот и го изработивме и во владина процедура влезе вториот план за борба против корупцијата, сподели Николовски и додаде:
– Особено ме прави горд што и Министерството за земјоделство, кое го раководев, успеавме со многу работа од тимот да го рангираме како прва институција со најдобар перформанс во антикорупциските практики последната година.
Корупцијата е главната причина зошто повеќе од половина од младата популација ја напушти Северна Македонија во последните 30 години, но само преостанатата половина може да продолжи во борбата против неа и да обезбеди среден систем и перспективна иднина дома за идните генерации.