Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со Галина Нифору, директорка на Балканскиот меѓународен натпревар за вино, чие 13-то издание годинава ќе се одржи во јуни во Бугарија и Турција.
– Македонските винарии ќе се претстават и на генерален штанд на Балканскиот вински фестивал што ќе се одржи во Софија од 27 до 29 јуни.
Големиот трофеј за најдобро вино на Балканот досега го освоија две македонски винарии – Шато Камник и Винарија Тиквеш.
Македонија е најголемиот извозник на вино од сите балкански земји и промоцијата на македонското вино е од големо значење за винскиот сектор во земја, порача Николовски.
– Соработката ја продолжуваме во полето на обука на македонски специјалитети за вино маркетинг, извоз, со професори од најреномираните школи во Франција, додава министерот Николовски.