Разочаран сум.
Како може да има така неодговорни политичари кои не ги почитуваат мерките и го загрозуваат здравјето?!

Малку ли труд дадоа здравствените работници и сите наши граѓани, за претседатели на партии да не можат да разберат дека ни треба систем и ФУНКЦИОНАЛНА држава? Систем кој е еднаков за сите, а не систем во кој „за некои“ не важат закони, мерки, прописи. Зарем граѓаните се помалку важни од нив? Зарем здравјето на граѓаните ништо не им значи? Заканата е сериозна, за да излеземе на крај треба да ги почитуваме мерките зошто за најважното се работи – за здравјето на граѓаните.

Постојат закон и мерки. Тој закон мора да се спроведува и сите кои ја добиле довербата од народот мора истиот да го спроведуваат без исклучок. Ред и почитување на законот мора да има, посебно кога е за доброто на буквално сите.

Што да мислат граѓаните кога претседател на партија седи во затворена кафеана како некој локален шериф, загрозувајќи го своето и здравјето на сите други? Па, јасно е и зошто Наќе не казнува никого, тоа е класична саботажа на системот. Срамота.
Мицкоски вели ќе си ја плател казната. И тоа треба да го нормализира неговото неодговорно однесување? Да, ќе платиш казна по закон, но и од граѓаните.

Ете зошто ни треба парламент со полн легитимитет кој државата ќе ја води напред, а не назад во враќање неодговорни политичари.

Мицкоски љубеше да вели „Рибата мириса од главата”. Вистина е Мицкоски – тоа е вашата партија од врвот надолу, неодговорна, незрела.

На Мицкоски ниту му е жал за болните, ниту е загрижен за граѓаните, најважни му се кафеаните и теретаните.

ФБ статус на Љупчо Николовски