Пуштен во употреба нов, модерен, мултифункционален спортски терен во село Мождивњак – Крива Паланка. Истиот е реализиран  со финансиска поддршка од Агенција за млади и спорт, а на денешното отворање присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

402124768_10227580269706474_6992756291926271875_n
-Ова е уште еден проект кој го впишуваме меѓу многуте кои носат развој на Крива Паланка и развој на североистокот. Новиот спортски терен ќе биде букварот за многу нови таленти чија што кариера можеби се уште не е откриена и чека со сиот свој потенцијал да биде успешно реализирана, порача денеска на отворањето министерот аа земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

402129473_10227580268586446_6226090834333926267_n
-Им порачувам на сите млади и на сите спортисти да имаат успешни и убави моменти на ова ново спортско игралиште, нека ги следат своите соништа и нека тренираат умно и напорно, успесите доаѓаат неочекувано, а се резултат на работа и голема посветеност. На сите други рекреативци и жители од овој крај им посакувам среќно и успешно користење на спортскиот терен, додаде Николовски.

400118769_10227580269426467_7624401523391742784_n

-Ветено-сторено, за нови спортски успеси, за здрав живот на младите генерации – ново, модерно мултифункционално игралиште во село Мождивњак, м.в.Дубје. Вложени се 7 милиони денари, инвестиција обезбедена од АМС, што ја надополнува листата проекти со кои континуирано вложуваме во:  спортска инфраструктура; развој на младите; унапредување на талентите, порача Митовски.

400076250_10227580269866478_1457207741012389171_n

400041896_10227580268906454_2062814389436349478_n

400058445_10227580269586471_8684524288348373628_n