Пратеникот Љупчо Николовско заедно со Мимоза Муса и Сергеј Попов се дел од глобалната конференција за млади пратеници организирана од Inter-Parliamentary Union во Јереван, Ерменија.
– Настан каде што со парламентарци од над 100 земји се дискутира за политиките на задржување на младите генерации, образованието и вработувањето. Уште на самиот почеток на мандатот, како и до сега, потенцирав дека фокус во мојата работа ќе бидат и понатака програмите и мерките за задржување на младите. Затоа овој настан кој ги обединува младите парламентарци од светот е битен за креирање на идните политики во Собрание, порача Николовски.