Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вечерва присуствуваше на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

„Ми беше особена чест што вечерва присуствував на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.
Образованието и негувањето на мајчиниот јазик е од суштинско значење за секоја заедница која е составен дел на нашето општество и значаен елемент за зачувување на националниот индентитет, традицијата и културата.
Турската етничка заедница дава значаен придонес во развојот на нашето општество, во градењето на демократска и просперитетна држава.
Денешниот празник е уште една потврда за успешната соработка и традиционалното пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Турција“, посочи Николовски.