Денеска свечено беше отворена реконструираната градинка „Детелинка“ во Крива Паланка.
На отворањето присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски и директорката на ЈУОДГ „Детелинка“ Мирка Јакимовска.
НиколовскиНиедна радост не е толку голема како детската, и ниедна насмевка не е толку искрена како детската, рече Николовски.

Николовски посочи дека Крива Паланка бележи уште еден успех, уште еден капитален проект на локалната власт.
Nikolovski4„Нашата градинка “Детелинка” е целосно реконструирана по најсовремени стандарди, по речиси половина век од нејзината изградба, спремна да ги отвори вратите за нови 100 дечиња. Посакувам незаборавни мигови исполнети со радост, многу смеа и низа детски спомени“, истакна Николовски.
Nikolovski5Тој упати честитки и посака среќа во новиот почеток!
Nikolovski3