Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупќо Николовски денеска оствари средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски на која бил информиран за актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите, за преземените мерки, за идните мерки што треба заеднички да ги преземеме за заштита на животните и справување со болеста.
-Разговаравме и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство. Со АХВ постигнавме големи успеси во периодот 2017-2019:
📌Се изработија законите за нус-производи од животинско потекло, за идентификација и регистрација на животни, за заштита и благосостојба на животните, за донирање на вишокот на храна
📌Се воведоа нови програми за високо ниво на безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните
📌Европската комисија ја рангираше АХВ за најдобра институција во регионот во областа на безбедност на храна и ветеринрство, порача Николовски.
Тој додаде дека безбeдноста на храната и благосoстојбата на животните останува нивен приоритет.