Како дел од агендата за презентација на #ПланотЗаБорбаПротивКорупција, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Куманово.

„Со градоначалникот Максим Димитриевски ги делиме истите ставови во поглед на елиминирањето на ризиците од корупција во локалната самоуправа. Општината активно работи за имплементација на системските мерки и спроведува активности за сузбивање на корупцијата“, истакна Николовски.
Nikolovski1„Преку зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините придонесуваме за ефективни и етични услови за граѓаните и одговорно и домаќинско работење на локалните избраници. Градиме модерна и правна држава која негува европски вредности!“, нагласи Николовски.