Во рамки на дводневната работна посета во Република Словенија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се сретна со министерката за земјоделство, шумарство и храна на Слвенија, Ирeна Шинко.

-На средбата разговаравме за унапредување на билатералната соработка помеѓу нашите две пријателски земји, преку реализација на проекти од Акциониот план 2021-2024 година. Република Словенија обезбедува значајна техничка поддршка за приближување на законодавството на ЕУ во областа на земјоделството и руралниот развој, но и е силен поддржувач во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, информираше министерот Николовски.
-Огромна чест е што Република Северна Македонија и оваа година учествува на еден од најголемите саеми за храна и вино АГРА2022 во Република Словенија, на кој ќе имаме можност да ги претставиме македонските традиционални производи, рече Николовски.