Нашиот македонски мед стана надалеку познат, а со пчеларите од Македонска Каменица разговравме за производството мед која е многу важна стопанско-прехрамбена гранка, истакна Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3.
„Како држава активно се вклучуваме во преземање на сите мерки кои што ќе придонесат за заштита на пчелите, преку едукација особено во делот на правилна употреба на пестицидите.
Преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и ИПАРД Програмата, создаваме институционална поддршка за пчеларството, со што директно го поттикнуваме зголемувањето на пчелните семејства и целокупниот капацитет на пчеларскиот сектор“, посочи Николовски.