Како што созреваш воочуваш многу работи кои не си можел да ги забележиш, истакна генералниот секретар на СДСМ и носителот на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„Една од нив е фактот што пензионерите како наши родители, баби и дедовци биле неисцрпен бунар на знаење, мудрост, искуство. Некогаш некој совет сме прифаќале, некогаш сме се правеле многу “паметни”, но како што поминуваат годините сфаќаш дека за се биле во право.
Тие нас не насочувале и учеле, ние ним треба да им овозможиме старост во мир и комфор. Порано за жал ги користеа за партиско поткусурување пред избори, но нашите претходници нека им служи тоа на чест, ние вртиме нов лист.
Пензискиот систем е стабилен, нема повеќе задолжувања пред исплаќање на пензии. Пензиите растат постојано. 330 илјади пензионери добија кумулативно зголемување за 900 денари.
Просечната пензија изнесува 15.500 денари.
Во следниот мандат минималната пензија ќе се зголеми на 10.700 денари.
Во ваков период на здравствена криза, се погриживме пензиите да се исплаќаат предвреме, за нашите повозрасни да се заштитат од опасноста од зараза. Тоа е вистинска грижа.
Ви благодарам драги пензионери за вашата мудрост и поддршка. За вас ќе направиме уште повеќе и уште подобро“, потенцираше Николовски.