Меѓуинституционалната соработка, спроведување сомнителни предмети и нивно проследување до надлежни органи, унапредување на системот за електронско следење предмети кадешто постои сомневање за перење пари, се до крајниот исход од истиот се дел од прашањата што на денешниот состанок со директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, ги констатиравме како заеднички клучни цели, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Управата за финансиско разузнавање е битна алка во системот за борба против корупција преку превенција на користењето на финансискиот систем за целите на перење пари и превенција на финансирање на тероризам“, посочи Николовски.