Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на Тоше Атанасовски кој е сопственик на компанијата “Атанасовски”, успешна компанија од месната индустрија.
Компанијата има и своја свињарска фарма во Виница, каде во чиста еколошка средина произведува свежо македонско свински месо.
– Секторот свињарство досега ја има историски најголемата поддршка во државата. Преку мерката 2.13 ја укинуваме скалестата пресметка за субвенции за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети. Производителите на свинско месо ја имаат на располагање поддршката за набавка на педигриран добиток преку која можат да го обноват сточниот фонд, порача министерот Николовски.
– Преку ИПАРД пак можат да користат средства за модернизација на своето производство а преку Националната програма за рурален развој имаат можност да набават опрема. Со работа и труд, се постигнуваат и резултати, Тоше е сведок и доказ за тоа, додава Николовски.