Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со американскиот експерт Пхил Хуф.
-Разговаравме и добивме одлични препораки за развој на шумарскиот сектор во министерството, но и препораки за полесно справување криминалот и несовесното уништување на шумите. Особено е важно подигнувањето на јавната свест кај луѓето за важноста на шумите. Своето искуство Хуф преку повеќе обуки го пренесе пренесе на Шумската полиција, инспекторатот за шумарство, студентите на Шумарскиот Факултет и јавните обвинители, порача министерот Николовски по средбата.

2
Наш главен фокус следната 2023 година е пошумувањето и обновата на опожарените подрачја. Шумите мораме да ги чуваме и развиваме сите заедно, бидејќи тие се нашето природно богатство, заклучи Николовски по средбата.