Не е важна ниту функцијата ниту кариерата, нормално ако претседателот Зоран Заев поднесува оставка, целото раководство е во оставка, и тоа е најмалиот проблем, рече генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски во “21 анализа” на тв 21.

-Ниту една позиција не е важна, најбитно во моментот е демократското мнозинство во Парламентот која што не треба да ни ги врати назад во времето на страв, на изолации, на поделби, на конфликти, на реваншизам и се тоа на против тоа што сме се бореле, додаде тој.

Според него СДСМ и сите прогресивни сили се фокусирани на примарната цел демократски во моментов да се обедени и окрупни мнозинството во македонското Собрание, кои што треба да гарантираат евроатланскиот пат, сигурноста, безбедноста, стабилноста на земјата и напредокот на земјата.

-Централниот одбор го овласти претседателот Зоран Заев во тој поглед да ја повлече времено оставката и неговите чекори, а после тоа секако дека ќе дискутира централниот изборен штаб за сите анализи, сите заклучоци, сите слабости, сите проблеми по локалните избори, но и сите препораки, појасни тој.