Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски упати честитка по повод 8-ми Декември, големиот празник – Св. Климент Охридски.

„Неизмерна почит кон делото на Климент Охридски кое е особено важно за развој на врвните цивилизациски вредности, но истовремено и за создавањето на македонскиот литературен јазик, потврден и признаен во целиот свет“, истакна Николовски.