-СДСМ цврсто стои зад тоа законот да важи за сите. Сите знеме дека премиерот прв го пријави случајот „Рекет“ и сега излегува целата комуникација. Бизнисмени блиски до претходната валст, тајкуни беа со години и децении беа заштитени, сега кога не се, имаме узбуна во општеството, констатираше генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Николовски рече дека сите случаи се отвараат и процесуираат, но потребно е да се забрза процесот со нови механизми со кои ќе се отстранат целосно режимските остатоци.