Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски истакна дека денеска зборот семејство има најголемо значење.
Nikolovski3„Денеска прогресивното социјалдемократското семејство го изгласа новиот Централен одбор.
Денеска нашата модерна, демократска и државничка партија продолжува со прогресот и промените. На новите листи ја застапивме родовата еднаквост, еднакво учество на младината, која е движечка сила на нашата партија. Новиот состав на Централниот одбор е спој на нова енергија и искуство и доказ дека СДСМ се менува и подобрува, но останува прва во промените.
Направивме многу. За државата, за граѓаните, за партијата и членовите. Имплементиравме една цела генерација политичари во успесите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во успесите на државата и граѓаните. Воведовме нови вредности, поставуваме нови стандарди“, посочи Николовски.
Николовски нагласи дека новиот состав ќе воведе нова свежина, нова енергија и ќе биде гарант дека промените во СДСМ не се случајни, туку се континуирани, во служба на граѓаните и државата.
Nikolovski2