Нудиме РЕКОРДНИ една милијарда и триста педесет милиони евра за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците во новата програма, порача денеска од велешко Бузалково кандидатот за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски.
✅Го започнавме до сега најголемиот проект во водоснабдувањето градејќи нови четири системи за наводнување, а токму системот Лисиче е еден од нив.
✅Проект вреден над 120 милиони евра, со нова површна за наводнвуање од 13.500 хектари.
✅По 15 години конечно СДСМ ги започна активностите за изградба на овој систе и тој конечно станува реалност.
– Токму овде во Бузалково ќе има можност со изградба на препумпна станица да дојде вода до нивите на земјоделците, нешто што на земјоделците им е потребно и го бараат , ние ќе го решиме. Можеме заедно да направиме уште повеќе. Јас не се откажувам и останувам помеѓу вас граѓаните, секојдневно на терен, достапен како и до сега, секогаш тука за секој еден од вас, порача денеска од терен Николовски.
Заедно со вас продолжувам да ја градам иднината на државата, на секоја една општина, на секое едно населено место.
Со вашиот глас на изборите на 8 мај вие го трасирате патот на државата во следните години, порача тој.