Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е на терен во Чучер Сандево.
Тој заедно со Бачовски и Костадиновска-Стојчевска остварија средба со градоначалникот на општина Чучер Сандево Сашо Коменовиќ.
Поразговаравме за новите мерки за 2024 година кои ги таргетираат земјоделците. Го информирав и за новата мерка – Инвестиции во рурална јавна инфраструктура, наменета за единиците на локалната самоуправа. Преку оваа мерка може да се реализираат проекти во руралните населени места, и да се инвестира во патна инфраструктура, водоводи, канализација, детски игралишта и други проекти во интерес на граѓаните, рече Николовски по средбата.
Исто така, министерот го посети и Александар од Чучер Сандево.
– Александар е сточар, одгледува околу 30 бикови. Поразговаравме за новите мерки во сточарството, и за зголемените придобивки кои сточарите ќе ги имаат оваа 2024 година. Поддршката за женски грла говеда ја зголемуваме од 4.000 на 12.000 денари. Ја зголемуваме и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1000 денари. Зголемување од 120 на 150 денари имаме и кај мерката за амортизирани несилки предадени во кланичен капацитет.Со право велиме дека оваа година е година на сточарството .
Продолжуваме посветено во интерес на земјоделците, дециден е Николовски.