Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Кочани.

Младите се моторот на нашата држава, а СДСМ вложува во создавање на услови за младите да останат во своите родни краишта и да придонесуваат за развојот, истакна Николовски.

„Денеска во Кочани, со нашиот кандидат за градоначалник, Николчо Илијев ги презентиравме досегашните успешно спроведени проекти за напредок на општината, но и идните развојни проекти:
– Уредување на внатрешниот простор во МКЦ, со што ќе се добијат дополнителни функционални простории за развој на младинскиот активизам.
– Воведуваме буџет за млади, креираме локална младинска стратегија и акционен план за утврдување на приоритетите за развој на младинските политики.
– Изградба на спортска сала со капацитет за 3.000 гледачи.
– Изградба на нов булеварски влез во Кочани од обиколницата до Судот.
– Изградба на сообраќаен мост на Кочанска река помеѓу улиците „Вера Которка“ и „Лазар Аандонов““, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека на 17-ти октомври ќе ја потврдиме победата и во Кочани, со #Најдоброто, со Николчо Илијев.