Генералниот секретар на СДСМ денес беше меѓу граѓаните на Кратово.

Сабота во Кратово, убаво поминат ден во разговор со кратовчани, за тоа што им е потребно од идниот градоначалник, за квалитетни услови за живот, истакна Николовски.

„СДСМ го има Најдоброто за Кратово, нашиот Влатко Бојковски, секогаш достапен за граѓаните, со програма за граѓаните.
Заедно ги посетивме жителите на улицата „Јосиф Даскалов“ во Кратово, ги слушнавме барањата на граѓаните. И токму тоа е првиот приоритет на Влатко, експресна санација на улицата „Јосиф Даскалов“ и реконструкција на водоводната и канализационата мрежа.
СДСМ креира мерки заедно со граѓаните, затоа победува. На 17-ти октомври победуваме и во Кратово, со #Најдоброто, со Влатко Бојковски“, посочи Николовски.