Вечерва во Крива Паланка имаше промоција на кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски. Меѓу присутните беше и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Ова е мојата Крива Паланка, ова е градот што ​денес ​ме прави исклучително среќен​!, истакна Николовски.

„СДСМ ги развива општините подеднакво, но особено овој регион кој долги години беше запоставуван! Свртивме нов лист!
​Во мојот роден град, заедно со нашиот кандидат ​Сашко Митовски и граѓаните, ​ќе продолжиме да ги развиваме градот и околината со уште повеќе проекти за Крива Паланка да стане атрактивна дестинација со сите свои ​природни потенцијали​, урбана, чиста и зелена, економски развиена, со уредена инфраструктура​. ​
Напредокот продолжува и после 17-ти октомври со #Најдоброто за Крива Паланка со Сашко Митовски“, потенцираше Николовски.