Ништо не гради карактер и личност како спорт, истакна Љупчо Николовски носителот во ИЕ 3 и генерален секретар на СДСМ.
“Преку спорт се станува човек! Комплетна личност.
За само една година, преку ваучер системот, вбризгавме 10 милиони евра во поддршка и развој на спортот. Ваквата инвестиција е важна за клубовите особено од помалите градови, како што е клубот Баскет Кам од Македонска Каменица каде се дружиже денес.
Еве само една паралела ќе направам за тоа колку се вложуваше порано во спортот, а колку се вложува денеска. Во 2015 и 2016 година беа вложени 60 милиони денари во спортот. Веќе во 2017 година беа обезбедени 174 милиони денари, а во 2018 и 2019 година обезбедивме 234 милиони и 244 милиони денари соодветно. Во споредба со последните две години на поранешната влада обезбедивме ЧЕТИРИПАТИ повеќе средства за спортот!
Влеговме во НАТО, преговараме со ЕУ, ќе влеземе и таму. Со НАТО и ЕУ играме во прва лига, во лига на шампиони! Со претходните политики на ВМРО-ДПМНЕ на уназадување, страв, заплашување, крадење бизниси, со тие политики играме во 6-та лига, најниска. Не сакаме да играме таму.
Продолжуваме да инвестираме во младите и спортот“, посочи Николовски.