Премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик-претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерката за одбрана Радмила Шекеринска положија свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар АСНОМ.
Nikolovski1На Првото заседание на АСНОМ пред 77 години се поставија темелите на современата македонска држава, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
Nikolovski3„Преку декларацијата за основните права на граѓаните се утврдија принципите на слободата и еднаквоста на сите граѓани.
Ние продолжуваме да го чуваме она што макотрпно беше создадено во антифашистичката и ослободителната борба и да градиме современа демократска држава“, нагласи Николовски.