Пари во државата имало и ќе има, истакна генералниот секретар на СДСМ и носителот на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„Работата е дали со парите се однесуваш домаќински или расипнички.
После 35 години ветувања, Браната на реката Отиња кај Штип, конечно почнува да се гради!
За овој проект Владата ќе издвои 7,5 милиони евра, а браната ќе акумулира три милиони метри кубни вода, со можност за наводнување на 200 хектари земјоделско земјиште и зелени површини.
Просторот околу браната Отиња ќе биде соодветен и за спорт и рекреација, со што штипјани ќе добијат уште еден простор за дружба и уживање.
Како што реков и погоре, може со парите без усул. Со трошење за бароци, жални врби и споменици наплатени десетици пати над вистинската цена.
Но, може и домаќински. На начин со кој парите ќе останат таму кај што се најпотребни, кај граѓаните!“, посочи Николовски.