Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска од Свети Николе порача дека и натаму се искрени партнери на земјоделците.

На средбата земјоделците со министерот Николовски разговараа околу продолжувањето на договорите за закуп на земјоделското државно земјиште, презентирајќи ги решенијата што министерството ги подготви за решавање на овој проблем.

417539080_941388277355009_2625862582109434224_n

– Секогаш имаме решение за сите предизвици, и сме на иста страна со земјоделците. За нештата да бидат појасни, лага е дека договорите можат да се продолжат со анекси. Лага е дека е раскинат било кој од овие договори, или дека има било какво решение за раскинување, дециден е Николовски.
– Вистината е дека ние имаме спремно решение кое чека усвојување од Собранието. Со предложените измени на законот за земјоделско земјиште даваме можност земјоделците што имаат истечен договор, во периодот на изборниот процес, да не бидат избришани од ЕРЗС системот, објави Николовски.
Тој рече дека реосрното министерство ја измениле и Уредбата за дирекни плаќања овозможувајќи право на субвенции на сите земјоделци врз основа на старите договори, а продолжувањето би следувало веднаш по изборите и тоа не на 5 , туку на 15 години со досегашните цени за закуп.

417509143_941388324021671_8346455850799301957_n
– Заедно сме со земјоделците во оваа битка. Сложни во вистината потпишавме петиција со која бараме собраниската комисија веднаш да ги разгледа и усвои до 3 април измените на Законот за земјоделското земјиште. Дадов збор дека во следните 2,5 месеци договорите, што истекуваат денес ќе бидат продолжени и на ова секторите во министерството посветено работат, порача Николовски.
-Земјоделците знаат дека во нас имаат искрен партнер. Токму тука од Свети Николе сме докажале и покажале дека имаме слух за секој еден земјоделец, за секоја една идеја, но и за секој проблем сме нашле заедно решение. Само вака, сложно, секогаш со факти за тоа што е вистина, што не, заедно ќе постигнуваме резултати и успеси, порача тој пред присутните земјоделци.