Носителот на листата во ИЕ 3 и шеф на изборниот штаб на СДСМ Љупчо Николовски денеска предизборната кампања ја започна од Виница.

2

-Уживав во денешната средба со граѓаните во Виница. Ја препознаваат и ценат искрената намера на СДСМ да создаде општество без дискриминација и со еднакви шанси за сите. Заеднички и сплотени во различностите гледаме предност, ја негуваме културата на сите, градиме мостови, се зближуваме. – порача Николовски меѓу граѓаните на Виница.

4

-Во нашиот дом, нашата татковина, темелот се различностите, а иднината е во рамноправноста. Тоа е нашата убавина! Македонското сонце грее за сите. Ние работиме за сите. – истакна Николовски порачувајќи дека, како Социјалдемократски Сојуз, продолжуваат понатаму и после 15-ти јули, како што рече,  да градиме ДОМ кој обединува и кој нуди можности за развој и просперитет ЗА СИТЕ!

3 5