Знаеме сите дека Македонија се соочува со сериозна појава чии прогнози кажуваат дека за жал состојбата само ќе се влоши. Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе се последиците. Да бидеме искрени покрај овие огромни здравствени проблеми им посакувам се најдобро и брзо закрепнување на сите оние кои што веќе се заболени од Корона вирусот и посакувам што помали бидат последиците но покрај тие последици ќе има сериозни економски последици. За жал и Европа, а Македонија како дел од Европа се соочува и ќе се соочи во наредниот период со сериозна економска криза која ќе е последица на ова што се случува со корона вирусот. И затоа мора да ја потенцирам нашата разочараност што владата останува нема на подадената рака за помош, која што ние ја даваме во овој момент што алармира дека мора да се стават на над политичкиот моментум и партиските интереси, рече денес на прес конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не смее да се претвори во арена на кампања и политички маркетинг, кој што за жал го гледаме деновиве. Повеќе работа помалку политички маркетинг е она што треба да се случува во следниот период, порача тој.