Младите се движечка сила за секое општество, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Општина Зрновци заслужува промени со нашиот кандидат за градоначалник Виктор Анѓелов, млад, полн со ентузијазам и желба да го направи својот роден крај подобро место за живеење“, посочи Николовски.

„Денеска заедно со Виктор разговаравме со жителите на Зрновци. Сакаат општина со современа патна и комунална инфраструктура, со асфалт наместо кал.

Таква е и понудата на нашиот Виктор, со развојни проекти за достоинствен живот:
-Приклучувањето на општина Зрновци кон пречистителна станица.
-Промена на цевките од главната дотраена мрежа, за чиста вода за пиење.
-Решавање на проблемот со локалната депонија.
-Модернизација на индустриската зона.
-Поврзување на с. Видовиште со с.Мојанци.
Зрновци го заслужува #Најдоброто, а најдоброто за Зрновци е Виктор Анѓелов“, истакна Николовски.