Ексминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изврши примопредавање на функцијата на новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
– Оставаме институција која е прва во транспарентност и втора по Индексот на отвореност во однос на сите институции во државата.
Со многу работа постигнавме многу резултати преку политики креирани со сите потсекторски групи како и Агросоветот каде што има претставници од земјоделци, откупувачи, преработувачи, професори и сите останати релевантни фактори во секторот земјоделство, порача Николовски и сподели дел од она што е успешно завршено за време на неговито мандат.
✅️Со земјоделците заедно креиравме нов модел за субвенционирање, што им гарантира на земјоделците брза и навремена и авансна исплата, но и ги насочува кон финални производи и да го произведуваат она што е стратешки важно за државата.
✅️Земја лидер сме во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата за модернизација на земјоделството, со рекордни над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра.
✅️Прва земја сме во регионот која успешно на 1 септември 2023 година, ја започна и реализациајта на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот повик за мерките 1 , 3 и 7 за што повторно сведочиме рекорден интерес.
✅️Уште во 2017 година, храбро и решително се впуштивме во спроведување за прв пат на консолидацијата на земјоделското земјиште, важен проект за земјоделците. Земја лидер сме и во овој процес, со кој помогнавме на 2.550 сопственици своето расцепкано земјиште да го окрупнат, но да добијат и поголема вредност за својата земја, помали трошоци за производство, наводнување и пристапен пат до секоја една површина.
✅️ Воведовме политика на продажба од праг, воведовме нови програми за поддршка за малите производители на храна и малите винарии, развивајќи илјадници семејни бизниси и успешни приказни ширум целата држава. Денес имаме над 3500 нови мали оператори со храна.
✅️Земјоделците денес имаат 100% поддршка за зелена нафта, интервентен фонд, бизнис план, многу инвестициски мерки. Има нова програма за здрав оброк, нови мерки за младите и жените, за студентите и пред се за професионалните земјоделци. Успешни мерки што мора да бидат продолжени и во иднина.
✅️ Вложувавме во изградба на модерни системи за наводнување на земјоделаките површини. Од почеток до крај го изградивме системот за наводнување на 2100 хектари по јужниот тек на реката Вардар вреден над 20 милиони евра, од почеток до крај ја изградивме браната Конско вредна 40 милиони евра, средства на МЗШВ, со која се обезбедува наводнување за околу 6.500 хектари земјоделски површини.
✅️ Обезбедивме финансирање и започнавме со проектирање и изградба на хидро системите Конско, Лисиче, Пепелиште и Страиште, со кои обезбедуваме сигурно наводнување за нови 13.650 хектари земјоделско земјиште, проект вреден над 110 милиони евра, најголем и по сума и по површина,
✅️ Низ целата држава имаме активни проекти за модерни хидросистеми. Славишко поле, Чаушица, Конопница и Пишица се завршени, а Теарце е во завршна фаза. Обезбедени се средства за Сопот и Новаци.
✅️ Обезбедени се 50 милиони евра и започната е постапката за изградба на двата откупни центри во Ресен и Струмица, како и логистичката платформа во Скопје, проекти што исто така морате да ги продолжите.
✅ Поддржавме рекорден број на локални манифестации, воспоставивме национален саем на храна и како никогаш поддршка на македонските производи на сите светски саеми.
✅️ Реализиравме уште стотици други проекти и мерки и бевме искрен партнер на земјоделецот слушајќи го нивниот глас вклучувајќи ги директно во процесот на носење одлуки. Останува овие добри започнати проекти да ги продолжите во интерес на земјоделците.
– Јас останувам и во иднина посветен на земјоделците, следејќи го секој потег што новата Влада и новиот министер ќе го направат, поздравувајќи ја секоја добра мерка за земјоделците но и спротивставувајќи се на се она што како мерка или политика би биле од штета на земјоделецот, порача Николовски.