-Коалицијата предводена од СДСМ, во која што за прв пат вклучуваме и политички партии, кои претежно се ориентираат на гласачкото тело на Албанците во државата, е најголема и најразнолика коалиција до сега. Ние сме отворени за сите. Неспорно е дека оваа коалција ќе го добие мандатот за состав на новата влада, рече Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој е сигурен дека ова е најмноќната коалиција до сега, а храбрите одлуки придонесоа тие да водат и на анкетите.

-Повторувам дека сме отворени за соработка со сите после изборите, освен со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се трудат да ја влечат државата назад, сакаат да го обноват криминалот, обноват режимот, беа по листите во Будимпешта, го видовме кадровскиот потенцијал на послушници на Груевски, со луѓе кои на 27 април влегуваа во Сoбранието. Буквално старотото, зачмаено ВМРО-ДПМНЕ, изјави Николовски.