-Честитки до сите полициски службеници, до сите полицајци!
Во изминатите неколку години полицијата се професионализираше и стана вистински заштитник, пријател на граѓаните, чувар на мирот и безбедноста. – пишува во честитката вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
-Од самиот почеток на глобалната пандемија, нашите полицајци се во првите редови во борбата против коронавирусот. Она што особено ме радува е што во изминатиот период сведоци сме на професионално, ефикасно и неселективно постапување на полицијата во борбата против криминалот и корупцијата.
Честит 7 мај – Денот на македонската полиција! – порача Николовски.